22:11 - 8 ноември, 2026

Јелена Карлеуша донира милионска сума за градот Крагуевац: Тоа е мојот новогодишен подарок

Поп дивата Јелена Карлеуша најави дека на 31 декември ќе пее на плоштадот во Крагуевац.

Како што истакнува, добила покана од туристичка организација и со големо нетрпение го очекува настапот кој ќе биде потполно бесплатен.

Иако голем дел од нејзините колешки земаат сто илјади евра за настапот за новогодишната ноќ, Јелена реши добро да се однесува со крагуевачани.

Освен што ќе им пее бесплатно, Јелена ќе донира и милионска сума пари за градот Крагуевац.

– Ми се јави туристичката организација затоа што никогаш не сум пеела на плоштадот во Крагуевац. Кога ја објавија како информација, Крагуевац се воодушеви и не можеше да поверува дека доаѓа Јелена Карлеуша. Имам многу обожаватели таму, на крајот на краиштата, ќе се види на 31 декември – ја започна приказната Јелена и додаде …

– Не дека ќе пеам бесплатно, но решив од парите што чесно ги заработувам од пеењето да донирам во градот Крагуевац, само поради Нова година, покрај пакетчињата за децата, ќе донирам и една голема парична донација, еден милион – објасни Јелена Карлеуша и побара мала помош од крагуевачани.

– Сакам граѓаните на Крагуевац да ми дадат предлог кому да оди мојот новогодишен подарок, на кого да му ги разубавам празниците со тие пари, кои сама ги заработив? – изјави Јелена Карлеуша.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....