12:09 - 8 ноември, 2026

Исидора Трифуновиќ откри како се чувствува Сергеј по апсењето: Не е добро, разочаран е

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ, го коментираше неговото апсење во Хрватска и забраната за влез, велејќи дека тој не се чувствува добро со оглед на околностите.

Исидора зборуваше во живо за српски „Блиц“ за причините за неговото апсење, велејќи: „Сергеј е казнет за мем-фотографија, тој не е автор на таа фотографија, тој е дистрибутер. Фотографијата беше спорна. Овој случај нема врска со тоа од пред една година во Сплит. Сергеј тогаш беше осуден и ја плати казната. Со оглед на тоа што тој не беше на територијата на Република Хрватска кога беше направена таа мем-фотографија, не ни е јасно зошто тој е предмет на хрватските закони“.

Таа додаде дека му е забранет влез во Хрватска и откри како се чувствува српскиот актер за целиот случај.

„Одморивме, прошетавме, разочаран е поради начинот на кој се однесуваа кон него. Не се чувствува добро со оглед на околностите. Моите родители живеат во Хрватска, никој не ни гарантира што ќе се случи ако решиме заедно да одиме кај нив следниот пат“, рече таа.

Да потсетиме, Трифуновиќ беше протеран од Хрватска на три месеци, по пресудата на Општинскиот суд за прекршоци во Сплит, каде доби казна од 60 дена условен затвор, која нема да се изврши доколку не го изврши истото кривично дело во рок од една година.

Трифуновиќ во понеделникот вечерта беше уапсен на граничниот премин Бајаково додека минуваше од Србија кон Хрватска, по што беше изведен во Општинскиот прекршочен суд во Сплит, каде се одржа рочиште. Потоа како мерка на претпазливост му е одземен пасошот. Трифуновиќ ден претходно изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

Предмет на истрагата е објавата на Трифуновиќ на Инстаграм од минатата година, кога по неговото апсење во Сплит минатата година, по враќањето во Србија на својот профил ги навредуваше сплитските полицајци.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....