03:18 - 8 ноември, 2026

Илон Маск го нападна Доналд Трамп: „Престар си, време е да си заминеш“

Потоа го избриша твитот.

Основачот на Tesla одговара на критиките на поранешниот американски претседател за повлекување на понудата за купување на Твитер.

„Не го мразам човек, но дојде време Трамп да си ја стави капата и да се упати кон зајдисонцето“. Контроверзноста меѓу двајцата некогашни пријатели се води на Твитер: Илон Маск го напаѓа Доналд Трамп, кој, сепак, е „забранет“ од платформата, и не може директно да му одговори.

Маск го советува поранешниот претседател да сфати дека е премногу стар – во 2024 година ќе има 78 години – да се кандидира за нов мандат во Белата куќа, но во позадината на оваа критика е расправијата за неуспехот да се купи Твитер.

Маск потсети дека „Трамп би имал 82 години на крајот на неговиот мандат“ и дека гувернерот на Флорида Рон Де Сантис „лесно би победил“ ако се кандидирал против претседателот Бајден во 2024 година: „Тој дури и не треба да води кампања“. Твитот потоа исчезна од „тајмлајнот“ на Маск, но веќе ја преземаа повеќе  американски медиуми.

Најбогатиот човек на светот неодамна објави дека гласал за републиканката Мајра Флорес во трката за место во Претставничкиот дом во Тексас, велејќи дека тоа е „прв пат“ да гласа за републиканец. На собирот во саботата, Трамп го предизвика тврдејќи дека милијардерот му признал дека гласал за него на последните избори. А Маск, коментирајќи го видеото, реагираше кратко: „Тоа не е вистина“.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....