21:36 - 30 октомври, 2026

Холивудскиот пар создаде карантинско вино (ФОТО+ВИДЕО)

Холивудскиот пар Ештон Кучер (42) и Мила Кунис (36) станаа активни во време на кризата поради коронавирусот.

Тие, исто така, сакаат финансиски да ги подржат добротворните организации, но истовремено и да им донесат и малку радост на луѓето во самоизолација.

Нивната идеја е карантинското вино, а сите пари кои ќе ги заработат од продажбата, ќе бидат распределени на четири одбрани здруженија во Америка.

Производството веќе започна, а испораката може да се очекува во првата недела од мај.

– Шишињата имаат „интерактивна етикета“. Со празна предна страница им даваме прилика на луѓето да ја дизајнираат сопствената етикета и да им се заблагодарат на луѓето кои прават или извршуваат неверојатна работа во овие тешки времиња и кои се тука за другите. Или пофалете се самите себе си, бидејќи цел ден сте затворени дома со своите деца, кои нормално, ги сакате повеќе од се, објаснија Ештон и Мила.

Слични објави

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо

Анастасија и Немања со синот првпат доаѓаат во Србија: Се подготвува голема семејна прослава

Еспресо
Се вчитува....