21:55 - 23 ноември, 2026

Харис Џиновиќ откри дека не комуницира со ќерката Џина: „Таа замина… повеќе немам емоции!“

Пејачот Харис Џиновиќ објави многу информации за неговата поранешна сопруга Мелина, која неодамна се омажи за милионер од Англија, Џефри Арнолд.

Во интервјуто за српските медиуми, освен за поранешната сопруга Мелина, пејачот се осврна и на односот со својата ќерка Џина, кој е разнишан откако таа застана на страната на нејзината мајка.

– Со неа имам некои мошне замрзнати односи. И тоа е сè што ќе ви кажам. Дали имаме комуникација? Замрзнати односи – значи дека нема ниту одговор. Јас повеќе немам емоции, ги исклучив. Јас за Џина велам: „Нека е жива и здрава!“. Таа отиде во Барселона, таму да студира нешто. Се занимава со некоја своја работа. Ете ја таму. Сака да се омажи, да има свои деца, свое семејство и мислам дека тоа е сосема нормално за секоја женска личност. И да беа најдобри односите, таа еден ден би заминала од оваа куќа со својот сопруг, за да прави свои деца и семејство. Така ќе биде и Кан еден ден… Но, Кан нема да замине, тој ќе остане тука во оваа куќа.

 

 

Слични објави

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо

„Имаме куќа и неколку станови“: Јована Јеремиќ и Тигaр открија каде ќе живеат по свадбата

Еспресо

(Видео) „Ми стоеја кнедли во грлото“: Бојана Скендеровски им посвети песна на децата без родителска грижа

Еспресо
Се вчитува....