14:44 - 3 ноември, 2026

Елена Ристеска ги поздрави обожавателите со фотосесија за 40-роденден: „Следните 40 ќе мора се посериозни“

Елена Ристеска прославува јубилеј, полни 40 години и по тој повод објави фотографии од нова фотосесија и порака до своите следбеници.

Пејачката истакна дека е благодарна за сѐ што има, за луѓето кои биле покрај неа изминатите 40 години, но и за оние кои ќе бидат дел од нејзиниот живот во следните 40.

Instagram

„40ка! И не е така лошо чувството. Се будам и чувствувам благодарност“, напиша Ристеска на Инстаграм, заблагодарувајќи им се на сите што ѝ испратиле честитки. „Следните 40 ќе мора се посериозни, каква што сум јас на сликиве“, се пошегува пејачката.

Неодамна Ристеска искрено прозборе за здравствените проблеми што ѝ биле голема тешкотија во изминатиот период. Таа рече дека имала проблеми со гласот, но дека за среќа, работите се подобруваат.

Instagram

„Чекаат неколку добри, предобри песни да бидат снимени. Едвај чекам, искрено, со тоа што не можам да кажам точен термин кога ќе пуштам нова песна и спот. Можам само да кажам дека работам на тоа да биде што побрзо.“

Слични објави

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.

(Фото) Цеца е горда на најстариот внук: Тренира еден од најпопуларните спортови и реди успеси

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви како ангел на „Викторијас сикрет“ — Марија Панчева во гламурозно издание за Ноќта на вештерките

Еспресо

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо
Се вчитува....