08:57 - 5 ноември, 2026

Харис Џиновиќ ја пречкрта Мелина: Ало, не ми е гајле каде е! Спиеш со некого, а утре сте непријатели!

Пејачот Харис Џиновиќ проговори за приватниот живот, семејството, но и за тоа дали има шанси за смирување со Мелина.

Синот на Харис, Кан, ужива во љубовта со својата девојка, а пејачот има убави зборови за идна невеста на синот:

– Синот знае каква снаа е, тој знае. Ја запознав, убава, добра девојка. Не сум агенција за давање љубовни совети, да можам би си ги дал. На негова возраст бев сосема поинаков, тој е убаво дете, имаме едно нешто заедничко, а тоа е спортот, тренира два пати на ден и се храни здраво – рекол Харис, а потоа се осврнал на жените и открил кој според него треба да го направи првиот потег:

– Сѐ е променето, жените пристапуваа и порано, но не во толкав број, жените сега се послободни. Верувам дека мажот сепак треба да го направи првиот потег, но како што се израмнувате со мажите прифаќате секакви почетоци на врски, така мора да преземете и одговорност. Не е дека ниту една жена не ме заинтригирала, но има некои жени кои ми се недостапни, неразбирливи. Отсекогаш сум имал слобода, најлошото нешто што може да му се случи на мажот е жена му да му ја одземе слободата, а за неа е уште попогубно. Што знам, љубовта се случува, се раѓа, или не се случува, но јас сум веќе доволно возрасен за љубов – рекол Харис, но кога се работело за Мелина, не сакал да продолжи.

– Смирување со Мелина никогаш нема да се случи. Не ме прашувај ништо за неа, ни за бизнисмени, ни каде е, ни што работи, не ме интересира, ало. Какво пријателство после брак, спиеш со некого, јадеш и утре си непријател, што никогаш не постои – изјави пејачот.

Слични објави

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо
Се вчитува....