22:30 - 9 ноември, 2026

„Хари не е маж, тој е идиот“: СЕ ОГЛАСИ ТАТКОТО НА МЕГАН, ТОМАС МАРКЛ и истакна дека неговата ќерка НАЈВЕРОЈАТНО ГО „КАМШИКУВА“ својот сопруг!

Томас Маркл, таткото на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, го нарече својот зет – принцот Хари „идиот“ и истакна дека неговата ќерка најверојатно го „камшикува“. Тој најави и дека има намера да ја посети Велика Британија за време на прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора, со кој се одбележуваат 70 години од нејзиното владеење.

Во интервју за GB News, Томас Маркл изјави дека во јуни ќе оди во Лондон во обид да се сретне со својата ќерка Меган и да ги види своите внуци Арчи и Лилибет за прв пат. Томас, кој не присуствуваше на свадбата на неговата ќерка и принцот Хари во 2018 година, бидејќи се опоравуваше од операцијата на срцето, рече дека се надева дека ќе го подобри односот со својата ќерка.

„Со нетрпение очекувам да дојдам за јубилејот. Ќе ја покажам мојата почит кон кралицата и ќе се погрижам кралицата да разбере дека целото мое семејство ја почитува неа, како и нејзиното семејство“- рече Томас и додаде – „Ние им се восхитуваме и сакаме да знаат дека така, со восхит, се чувствуваме кон нив и дека восхит чувствуваме за Англија“, рече тој од својот дом во Мексико, а пренесува нова.рс.

Истакна дека би сакал да се запознае со принцот Чарлс и дека би сакал да му се заблагодари што ја придружувал ќерка му до олтарот.

„Би сакал да го запознаам и да разговарам со него, бидејќи мислам дека сега имаме многу заеднички работи. Нашите деца не отфрлија“, рече тој.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....