14:06 - 8 ноември, 2026

Горан Бреговиќ ја продал вилата за 450.000 евра, а сега го товарат за долг од 55 евра!

Легендарниот музичар Горан Бреговиќ се најде во несекојдневна ситуација – иако ја продал својата вила во Загреб, сепак, на негово име и понатаму пристигнуваат сметките за носење на отпадот.

Познатото босанско семејство Слезак, кое ја купило вилата во 2019 година, ја урнало старата куќа и изградило две урбани вили. Меѓутоа, тие не ги известиле комуналните служби за промената на сопственикот, што довело до таложење на долгови за носење на отпадокот на име на претходниот сопственик, Горан Бреговиќ.

Загрепска „Чистоќа“ го товари Бреговиќ за долг од 30 евра, плус казнени камати и трошоци за постапката, вкупно 55 евра. Долгот се однесува на периодот од декември 2023 година до април 2024 година, а кој бил должен да го исплати за осум дена, пренесува хрватски „Империјал“.

Според евиденцијата на ова хрватско јавно претпријатие, музичарот им должи за сметки од декември 2023 година и првите четири месеци од 2024 година. Решението за извршување и присилна наплата на долгот е донесено на 3 декември 2024 година од нотарка.

Лесно е да се заклучи дека овие пари не им ги должи самиот Бреговиќ, туку семејството Слежак, кое исто така го регистрирало овој имот, но очигледно е дека не ја исполниле законската обврска и промената на сопственикот ја пријавиле во комуналните служби, поради што долговите се трупаат на фронтменот на „Бијело дугме“.

Бреговиќ ја купил вилата во 2006 година за велелепни 450.000 евра и ја издавал за 5.500 евра месечно. По продажбата, новите сопственици се соочиле со тужби за неплаќање електрична енергија и вода, а сега и за ѓубре.

 

Останува да се види како ќе се реши овој правен спор и дали семејството Слезак ќе преземе одговорност за своите обврски ослободувајќи го Бреговиќ од неправедниот товар.

 

 

Слични објави

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.
Се вчитува....