22.8 C
Скопје
13:17 - 29 март, 2024

ГАСТРО МАРИФЕТИ: Валентина се надмина себе со посните мајстории! (РЕЦЕПТИ)

Блогерката за храна Валентина Стојановска стои зад профилите на социјалните мрежи  „Готвиме заедно со Теофанија“.

Секојдневно таа своите следбеници ги радува со рецепти за сечиј вкус, надополнети со преубави фотографии од јадења кои ги предлага. Со оглед на тоа колку се нејзините рецепти креативни и инспиративни, нема сомнеж дека и самата Валентина е подеднаво таква – вистинска уметница во кујна.

Желбата за готвење ја негува од детството, а за тоа се заслужни нејзината мајка и баба ѝ, Цана. Имено, од баба ѝ научила како се сука, како се готви под вршник, а и си го истенчила непцето да распознава домашна храна од индустриска. И денес, таа им дава предност на домашните намирници.

Валентина е сопруга и мајка на 4 деца

Валентина е сопруга и мајка на 4 деца, од кои две се близнаци. Па, можете да си замислите сега како оваа жена која има најмалку десет (невидливи) раце, како божица од индиската митологија, успева сè да стокми и да постигне.

А, најде време денес и за нас. Однонсо за вас – читателите, па ни зготви три посни ем супер-вкусни јадења совршени за радосен гастро викенд со најблиските.

Мини фокачи со маслинки, рузмарин и лук (посно)

Мирисни и вкусни мини фокачи, подговени за ужинка или за оброк. А меки… меки како памук! Пробајте ги!
Состојки
🫒200 гр брашно
🫒120 мл млака вода
🫒1 лажичка сув квасец
🫒2 лажици маслиново масло
🫒1/2 лажичка шеќер
🫒1/2 лажичка сол
🫒маслиново масло за премачкување
🫒12 маслинки
🫒рузмарин, лук во гранули или ситно насечкан свеж лук
Подготовка
1. Квасецот растворете го со млака вода, лажичка брашно и 1/2 лажичка шеќер и оставете го да се активира. Потоа соединете го со брашното, солта, маслото и замесете тесто со остатокот од млаката вода. Оставете го да се дуплира.
2. Размесете го тестото и поделете го на 12 топчиња. Секое топче сплескајте го малку и ставете го во калап за мафини, претходно намрсен. Оставете ги да стасаат околу 10 минути.
3. Потоа во секое ставете по една маслинка, длабоко вгнездена за да кога ќе стаса тестото при печење не излезе од него. Со дршката од дрвена лажица притиснете го секое тестенце на повеќе места, можете и со прст да направите нежни дупчиња.
4. Со четка премачкајте го со маслиново масло секое топче и наросете лук и рузмарин.
5. Печете во загреана рерна на 220 степени до поруменување.
Забелешка
Откако ќе се испечат повторно премачкајте ги со маслиново масло. Така ќе бидат помеки и помирисни.
Оваа доза е за 12 мини фокачи.
приватна архива

Мирисен колач со праски (посно, веган)

– Денови на Богородични пости се, а веќе знаете дека на моите страници можете да најдете повеќе посни рецепти. И ова е еден од нив, а каков е? Сега ќе ви објаснам, вели Валентина и продолжува:
– Кога ќе се соединат зимски и летни мириси во кујната, доаѓа до експлозија на сетилата. Мирисот на зачини во комбинација со праска….мхмх…Отиде колачов во еден здив!
Знам дека колачите со моркови имаат прекрасна текстура и вообичаено ги подготвувам во зима, ама еве ја и летната варијанта. Навистина неодолива комбинација се морковите и праските, особено со миксот на зачини и сечканите ореви.
И дополнително, поради сочноста на овошјето и зеленчукот освен масло не ставив никаква друга течност“.
Состојки
🍑200 гр праски
🥕200 гр моркови
🍑1 лажичка ванила екстракт
🥕200 мл масло
🍑300 гр брашно
🥕200 гр шеќер
🍑100 гр сечкани ореви
🥕1 пециво
🍑прстофат сол
🥕1 лажичка цимет (рамна)
🍑1/2 лажичка морско оревче
🥕1 лажица шеќер со вкус на ѓумбир и портокал
🍑1 праска за декорација врз колачот
Подготовка
Вклучете ја рерната на 180 степени да се загрее.
1. Ги сечкаме морковите, праската и заедно со екстрактот од ванила ги блендираме.
2. Во сад ги соединуваме сите суви состојки, зачини, пециво, брашно, сол, шеќер и сечканите ореви.
3. Кон сувите ги додаваме течните, маслото и овошјето, соединуваме.
4. Целата смеса ја распоредуваме на намрсено и набрашнето тавче бр. 22 или 24.
5. Врз смесата редиме праска исечкана на листови.
6. Печеме околу 40 минути ама тоа зависи од рерната.
7. Откако ќе се испече го ладиме, посипуваме шеќер во прав и сервираме.
Забелешка
Доколку имате кора од портокал и мало парченце ѓумбир изрендајте ги, јас немав ама имам шеќер со таков вкус и него го користам.
Кога е изладен поубави и помазни парчиња се сечат.
приватна архива

приватна архива

Трошкаста пита со шумско овошје (посно, веган)

Или крамбл со шумско овошје и лешници. За кратко време ќе имате вкусна, слатка, посна закуска!
Сварете си го омилениот чај и уживајте со семејството и пријателите!

Состојки за подлога и посип
🍓150 гр овесни снегулки
🍓100 гр мелени лешници
🍓3 лажици кафеав шеќер
🍓7 лажици растопено кокосово масло
🍓сок од 1 мал портокал
🍓1 лажичка сода бикарбона
За премачкување
🍓300 гр џем од шумско овошје или
За подготовка на џем
🍓300 гр шумско овошје
🍓2 лажици густин
🍓кора од лимон или портокал
🍓4 лажици шеќер или по вкус

Подготовка
1. Сите состојки за подлога (прво сувите па течните) ги соединуваме.
2. На хартија за печење со лажица ја втиснуваме/распоредуваме половината од смесата.
3. Врз неа го ставаме џемот па посипуваме со остатокот од овесната смеса.
4. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Забелешка
Јас имав готов џем од шумско овошје, ама можете и сами да си го подготвите. Ако го подготвувате сами во тој случај во смесата за подлога ставете сок од 1/2 портокал затоа што џемот е малку потечен од тој што јас го користам. Така подлогата фино ќе ги впие соковите од овошјето. За подготовка на џемот сите состојки ставете да вријат околу 5 минути.

приватна архива

 

 

 

Слични објави

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо
Се вчитува....