03:14 - 7 ноември, 2026

СТРАШНА МИСТЕРИЈА ВО АМЕРИКА: Маж, жена, бебе (1) и куче ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ

Никој не може да ја утврди ПРИЧИНАТА НА СМРТТА. 

Двојката, нивното едногодишно девојче и куче, по кои се трагаше откако исчезнаа за време на пешачка обиколка, беа пронајдени мртви во планините на Калифорнија, но официјалните лица се извинија што не можат да ја детектираат причината за нивната смрт.

Телата на Џон Гериш, Елен Чанг и нивната 1-годишна ќерка Миа, како и на семејното куче, беа пронајдени во вторникот во областа позната како „Ѓаволска клисура“. Спасувачите го пронајдоа и нивниот автомобил, во близина на влезот во овој дел од националниот парк Сиера.

– Ова никогаш не е нешто што сакаме да му го кажеме на семејството. Моето срце се крши поради нивните најблиски – изјави шерифот Џереми Бриз, кој ја предводеше потрагата.

Тој нагласи дека неговите луѓе го третираат овој случај како потенцијално опасен за другите, бидејќи патологот не може да ја утврди причината за смртта на три лица и куче.

– Можно е да се отруле со јаглерод моноксид. Тоа е една од причините што ја третираме ситуацијата како потенцијално опасна, изјави портпаролката на Шериф, Кристи Мичел за ЛА Тајмс.

Таа нагласи дека нема траги од повреди на телата.

Семејството, кое се преселило во Калифорнија минатата година, отишло на прошетка во неделата. Тие биле пријавени за исчезнати во понеделникот, а потрагата започнала веднаш.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....