07:28 - 15 декември, 2025

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ЦВЕТНАТА ОАЗА НА МАРИНА И ТОМЧЕ ВО СЕЛО ВОЛКОДАРИ: Жена со секогаш миризливи дланки и цветови во очите

Цветната оаза, меѓу граѓаните позната како „Куќата на цвеќето“, се наоѓа во с. Волкодери,  Ресен, поточно градината се простира пред куќата на Марина и Томче Дочовски, кои се заслужни за овој рај на Земјата.

Марина Дочовска

Одгледувањето на цвеќињата започнало години наназад. Но, тоа останало најголемо хоби на Марина, кое ја исполнува и ја прави среќна.

Фото: Приватна архива

– Куќата и дворот секогаш билe атрактивни за минувачите кои љубопитно застануваа, фотографираа, и со восхит изразуваа желба да купат од нашето цвеќе. Така, моето хоби пред неколку години прерасна во прекрасен семеен бизнис. Претежно работиме со саксиско цвеќе, петунии, сардели, бегонии, олеандри, виоли, хризантеми, бонбончиња. Имаме и лимони, палми, јавори, бугенвилија, ружи…, богат избор за сечиј вкус – вели Марина.

Во оваа цветна оаза годишните времиња се отсликуваат преку боите, се прелеваат врз цвеќињата како утринска роса, се прикажуваат со цела своја раскошност.

Сè ова бара голема посветеност и време, но кога човек сака и работи со љубов, може сè да се постигне / Фото: Приватна архива

– Градината е постојано цветна и разнолична во секоја временска сезона. Дополнителна свежина даваат и многубројните фигури од кои секоја си има своја приказна. Секако дека сè ова бара голема посветеност и време, но моето мото е дека кога човек сака и работи со љубов, тогаш може сè да се постигне – додава жената со секогаш миризливи дланки и цветови во очите.

Основната дејност на семејството Дочовски е земјоделството. Располагаат со три хектари земја со насади на јаболка. Најмногу ајдарет, а има и златен делишес и муцо.

– Досега, за среќа, имаме добар пласман и задоволни сме. Годинава дополнителен мотив за мене беше наградата што ја добив од Општина Ресен за жена – најдобар земјоделец во Преспа, што многу ми значи. Нашиот Ресен е мал, но многу убав град. Чест и големо задоволство е што покрај незаменливото јаболко, Преспанското Езеро и природните убавини, сега и нашата куќа стана симбол на препознатливост и промоција на градот – ни рече Марина.

Фото: Приватна архива
Во оваа цветна оаза годишните времиња се отсликуваат преку боите и се прикажуваат со целата своја раскошност.

Марина ги охрабрува сите љубители на цвеќето да се осмелат и да го следат нејзиниот чекор:

– Разубавете ги своите градини и да докажеме дека и ние имаме преубави места кои изгледаат светски, а се наши.

Ако минувате оттука, подзастанете и напојте си ги очите со убавина. И понесете со себе барем две цветни гранчиња. Едно во рацете, другото во очите.

Инаку, Габриела Дочовска Мојсовска (ќерка на Марина и Томче, н.з) е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

 

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....