8.8 C
Скопје
19:36 - 27 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: По индиското лето, голема промена на времето и врнежи, еве кога

– Во останатиот дел од викендов, како и во понеделник времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите ќе бидат ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 30 степени, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. 

Потоа во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

-Во вторник во текот на денот, а особено попладнето ќе биде нестабилно на повеќе места со дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.  Максималните температури во вторник ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени, објаснува метео прогнозерот.

Според Попоски, уште поголем пад на температурите ќе има од среда па натаму кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и тоа под влијание на влажен и постуден воздушен бран. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

-Од среда температурите повторно ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени. Во опаѓање ќе бидат  и минималните утрински температури на воздухот, вели Попоски.

Слични објави

Никола Роквиќ раскажа како молитвата на Света Петка му донела голема радост: „Не можев да изустам ниту збор“

Еспресо

(Фото) Ќеркичката на Емра Куртишова и Петар Стојанов наполни три години: „Секоја фотографија, една мала приказна за љубовта наречена Лена“

Еспресо

„Стомакот ми беше полн со крв“ Теа Таировиќ се огласи од болница по операцијата

Еспресо

(Фото) Владо Георгиев повреден, рамото во гипс: „Паднав пред 7 дена и го претчувствував падот на владата“

Еспресо

„Има 88 гаражи на Менхетен и 1.500 работници“: Бизнисот на новиот партнер на Мина Костиќ предизвика поделени реакции

Е.А.

Ручек што ќе го обожава целото семејство — кремасто пилешко со печурки во сос од павлака

К.С.
Се вчитува....