13:17 - 7 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во празничната магија во домот на Станија: Старлетата се погрижила за секој детал, а ова е нејзиното розово ремек дело

Instagram

Станија Добројевиќ неодамна се врати во Србија за да ги помине божиќните и новогодишните празници во топлината на семејниот дом. Таа веќе неколку пати истакна дека во Америка ѝ недостасува дружењето, храната, пријателите, но и ноќниот живот во Белград.

Таа за српските медиуми ја отвори вратата од својот дом во Рума и откри како изгледа нејзиниот дом во духот на празниците.

Во емисијата „Премиер викенд специјал“ Добројевиќ го покажа своето омилено катче од нејзината оаза на мирот, а тоа дефинитивно е дневната соба во која се наоѓа елката, која е нејзино розово ремек дело.

Елката блескаше во нејзината омилена боја, а украсите се поклопија со целата декорација. На масата во кујната имало букети рози испратени од нејзиниот избраник во знак на внимание и љубов додека тој не ѝ се придружи.

Раскошен кристален лустер го украси фоајето на станот, а Станија гордо позираше пред романтичниот камин. На горниот дел има семејни фотографии и спомени кои ја красат нејзината дневна соба, како и украси кои остануваат таму цела година.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....