08:09 - 29 ноември, 2026

(Фото + видео) Сопругите на браќата Ѓоковиќ ги прославија своите родендени: Едната во природа, другата во Дубаи

Пред неколку дена Ѓорѓе Ѓоковиќ на својата сопруга ѝ приреди романтично изненадување за нејзиниот дваесет и четврти роденден. Сашка и Ѓорѓе се во Дубаи, а според некои приказни наскоро планираат да купат недвижен имот таму и да изградат семејно гнездо.

Ѓорѓе во неколку наврати покажува колку се грижи за сопругата, а овој пат ја изненадил со луксузно изненадување на оваа егзотична дестинација. Сашка роденденот го прославила далеку од градската гужва, во романтична средина и атмосфера што ѝ ја приредил сопругот. Покрај бања, ливчиња од роза, огромен базен на врвот од зградата со нереален поглед, торта и колачиња, тие уживале во присуството на нивното мало синче.

Но, тој не е единствениот во семејството Ѓоковиќ кој сака да ја „разгалува“ сопругата. Новак  на Јелена знае да ѝ подготви авантура за паметење, па ја изненадил со патувањето во Сао Мигел, кој припаѓа на Азорските острови, што била нејзина голема желба. Јелена го овековечила своето роденденско патување со фотографии, а можевме да видиме како парот планинарел во шума и се возел на брод, додека околу нив имало делфини. „ Триесет и седум, чувството е како во рај “, напиша роденденската девојка Јелена во описот .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо
Се вчитува....