13:31 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Холивудската актерка и пејачка Линдзи Лохан веќе извесно време го привлекува вниманието со младешкиот изглед, но и со целосната промена на личниот опис.

Обожавателите тврдат дека голем број козметички зафати ја довеле до тоа славната Линдзи Лохан да биде непрепознатлива.

По тој повод се огласил и пластичниот хирург д-р Џон Бетериџ, кој тврди дека 38-годишната убавица потрошила речиси 300.000 долари на операции и со тоа го добила изгледот што гордо го носи денес.

Тој на својот инстаграм-профил објави видео во кое детално ги објасни сите естетски зафати кои ги направила славната Линдзи Лохан.

 


Докторот тврди дека меѓу популарните операции имала: операција на горните очни капаци, операција на носот, операција на веѓите (кревање на веѓите), естетски зафат на усните.

Тој исто така истакнал дека актерката имала и „лифтинг на лицето“ како и „лифтинг на усните“. Таа користела ботокс, но и филери за усни. Покрај тоа, таа ги „направила“ и забите.

Исто така, естетскиот хирург ја анализирал нејзината кожа пред и по операциите. Тој тврди дека актерката правела ласерски третмани на кожата за да постигне нежен изглед.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANNA_PARIS_CHIC (@anna_paris_chic)


„Ако ги комбинирате сите овие, вкупните трошоци за козметичките процедури се меѓу 200.000 и 300.000 долари“, рекол тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elite Daily (@elitedaily)

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....