19.8 C
Скопје
16:52 - 3 мај, 2024

(Фото+Видео) Брус Вилис во нов филм, за жал, последен, во друштво на убавицата од украински Крим Олга Куриленко

Ја паметите оваа Џејмс Бонд убавица? Тукушто промовираше нов филм кој веруваме дека ќе биде хит, а глуми со Брус Вилис и Џон Малкович. 

Филмот излезе вчера во американските киносали, и ова е, за жал последниот филм што ќе го гледаме со неповторливиот Брус Вилис. Во „Белиот слон“ глумат и Џон Малкович, Мајкл Рукер и – Олга Куриленко.

Која е Олга Куриленко?

Таа е Џејмс Бонд девојка од украински Крим. Преубавата Олга Куриленко беше нападната од Русите зашто „убивала Руси“ на филмското платно.

Олга Куриленко е една од најславните украински манекенки и глумици. Со манекенство, поради нејзината неверојатна убавина, почнала да се бави од 13 годипна возраст. Но таа е и многу талентирана актерка, светот ја започна преку улогата во филмот со Џејмс Бонд „Quantum of Solace“, а на филмското платно се појави и како колешка на Том Круз во филмот Oblivion. Неодамна доби и француско државјанство.

На Инстаграм ја следат 772.000 следбеници кои со возбуда ја дочекуваат секоја нејзина фотографија сите нејзини подвизи.

Нејзината единствена „несреќа“ е што е родена во Бердјанск, недалеку од Крим, во времето на Брежњев, во 1979 година. Затоа, после улогата во филмот со агентот 007, од Русите беше обвинета за „соработка со страшниот агент, убиец на стотици Совети и нивните сојузници“. Според нив, Џејмс Бонд „со децении работел под наредба на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер и поранешниот американски претседател Роналд Реган за да го уништи Советскиот Сојуз“. Околу нејзината улога во филмот, своеврмено се крена толкава прашина што на крајот испадна дека актерката по потекло од Крим „спие со Бонд, а тоа значи дека Украина го прави истото со Западот“. Лутината всушност беше во тоа што Советскиот Сојуз ѝ дал на Олга бесплатно образование и „никој не можеше да замисли дека ќе биде способна за овој чин на морално предавство“.

Олга всушност има француско потелко. Татко ѝ е Украинец, мајка ѝ Русинка, а со мајка ѝ пораснала по разводот на нејзините родители (се разделиле кога таа имала само 3 години).

Кога имала 13 години, ја забележал агент за откривање на таленти, со што ја започнала својата кариера на модната писта меѓу Москва и Париз. Во Франција се преселила за да го продолжи својот моден сон, на крајот се етаблира како една од најголемите ѕвезди во модната индустрија, пред да ја пресели својата резиденција во Лондон.

Приватниот живот на Олга Куриленко е полн со важни пресвртници од сентиментална гледна точка. Нејзин партнер е Бен Кура, бразилски актер со кого е поврзана веќе извесно време. Има и други важни љубовни приказни во минатото на актерката. Во 2000 година се омажила за модниот фотограф Седрик ван Мол, од кој потоа се развела во 2004 година. Во 2006 година се омажила за американскиот бизнисмен Демијан Габриел, од кој се раздели на крајот на 2007 година.

Во 2015 година, актерката го роди синот Александар Марк Хорацио од британскиот писател Макс Бениц, со кој во тоа време беше во врска. Синот денес живее со неа во Лондон.

За време на пандемијата, 2020 година, Олга имаше големи здравствени проблеми предизвикани од вирусот, но по извесен период објави дека нејзината состојба се стабилизирала и дека закрепнува.

И еве ја, повторно блесна на филмското платно. Вчера беше промовиран новиот филм каде глуми заедно со Џон Малкович и Брус Вилис (веројатно последен филм на Вилис). „Белиот слон“ е американски акционен филм во режија на Џеси В. Џонсон и напишан од Џонсон и Ерик Мартинез, заснован на приказна од Џонсон. Во него играат Мајкл Рукер, Брус Вилис, Џон Малкович и неприкоснованата убавица – Олга.

Слични објави

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо

Велигден кај Бреговиќ: За сите по нешто

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Промени на добро: Три хороскопски знаци се среќлии на месец мај

еспресо

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо
Се вчитува....