17:15 - 27 ноември, 2026

(Фото) Уште еднаш се венчаа Кортни Кардашијан и Тревис Баркер (овој пат вистински); се планира и трето „да“ во Италија

Двајцата, кои веќе се венчаа на 4 април со нелегална церемонија, ја официјализираа својата венчавка со приватна церемонија во Санта Барбара во неделата на 15 мај. Се предвидува и трето „да“ во Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа по вторпат, со валидна церемонија, но веќе се зборува и за трета венчавка.

Првата венчавка се случи на 4 април годинава, веднаш по доделувањето на Греми наградите, во Лас Вегас и тоа околу 2 часот после полноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kourtney ❤️ (@kourtneykardash)

Вистинското „да“ пристигна во неделата на 15 мај, според тоа што го објави списанието People. Кортни Кардашијан и Тревис Баркер ја прославија својата втора венчавка во Санта Барбара, со многу малку гости, вклучително и семејството и блиските пријатели.

Извор на People открил дека парот веќе го испланирал „третото да“, овој пат во Италија, веројатно со голема забава:

„Тие мораа легално да се венчаат пред нивната голема венчавка во Италија, која ќе се одржи многу набрзо. Сите детали се веќе утврдени и целото семејство, вклучително и сите деца, навистина се радуваат за настанот“.

 

Слични објави

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

К.С.

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.
Се вчитува....