19.2 C
Скопје
23:20 - 15 јуни, 2026

(Фото) Украинска Анџелина Џоли: На преубавата Маша сите ѝ го слушаат зборот, а од неа се плаши и Путин

Ја нарекуваат Анџелина Џоли од Украина. Нејзиното име е Марија Александровна Ефросинина, на сите позната како Маша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Efrosinina (@mashaefrosinina)

Маша не е само најпопуларна инфлуенсерка со над 2,1 милиони следбеници, туку таа е и паметна убавица – една од најпознатите ТВ водителки во земјата и амбасадорка на добра волја на ОН на земјата која е нападната од Русија.

Дипломирала со „златен медал“ на Националниот универзитет во Киев, на отсек по англиски и шпански јазик. На 19-годишна возраст дебитирала на Првата национална (УТ-1) телевизија во програмата „Среќно ѕвоно“. И оттогаш станва миленичка на публиката, а следуваат и нови емисии и нови телевизиски канали. Со емисиите собира бројни награди меѓу кои и номинацијата за „Најдобро телевизиско шоу“. Во 2005 година Маша беше водителка на Евровизија што се одржа во Киев, а година подоцна ја красеше насловната страница на списанието Ел. Секој следен проект на Маша до денешен ден е само поупешен од претходниот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Efrosinina (@mashaefrosinina)

Денес украинската водителка Маша Ефросинина официјално се смета за „непријател на Руската Федерација“. Ова го одлучи рускиот комитет за заштита на националните интереси кој ја смета новинарката како пречка за политиката на Владимир Путин. Самата Ефросинина преку Инстаграм објави скринпритн од списокот на познати лица прогласени за непријатели на Русија, меѓу кои се појавува и нејзиното име. Но и покрај тоа таа намера да се повлече од своите проукраински позиции. „Денот не беше залуден. Слава на Украина!“, напиша таа на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Masha Efrosinina (@mashaefrosinina)

 

Слични објави

Најбогатата српска инфлуенсерка слави моминска вечер во фустан од 2.500 евра

E.A.

Скандалозен љубовен живот на ќерката на Сузана Манчиќ – Го криеше првиот брак од мајка си, а сега е бремена од 23 години постар генерал

E.A.

Лепа Брена по 16 години стави крај на соработката со својот бенд

E.A.

(Фото) Теа Таировиќ објави фотографија од кревет: Без грам шминка, пие кафе и порача…

Еспресо

Бони Тајлер се разбуди од кома, но сè уште е тешко болна, вели нејзиниот менаџер

Т.Ц.

Јаков Јозиновиќ откри дека песната „Мери“ е посветена на вистинска девојка: „Таа знае дека ја отпеав за неа“

Еспресо
Се вчитува....