23.8 C
Скопје
14:16 - 29 септември, 2026

(Фото) „Ти благодарам за сè, одмори се сега“: Почина мајката на Кнез, пејачот напиша срцепарателна порака

Ненад Кнежевиќ Кнез објави емотивна порака по повод смртта на својата мајка. Музичката ѕвезда на деведесеттите години, остана без својата мајка, која денеска починала. Мајката на Кнез живеела во Црна Гора, каде што е роден Ненад, а долго време се борела со тешка болест.

Ненад објави на својот инстаграм-профил дека неговата мајка починала, а потоа се збогува со неа со емотивни зборови.

– Мајко, ти благодарам за сè, сега одмори се … Ќе те сакам засекогаш – напиша Кнез на својот инстаграм-профил, со три емотикони со бели срца.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nenad Knezevic Knez (@kneznenad)


Инаку, Кнез има две ќерки од бракот со Нина, Ксенија и Андреа, а тие се разведоа по 17 години брак.

– Мојата тогашна сопруга и јас имавме несогласувања долго пред разделбата. Еден од проблемите беше што таа немаше професија, беше фокусирана само на нашите деца. Сакав да ја вработам, не поради парите, туку за да се занимава со нешто во својот живот, но таа не сакаше. Дури ѝ отворив и бутик, но нејзината филозофија во животот беше дека не треба да работи. Таа дури и не сакаше да готви дома, па и тоа го правев јас – истакнал Кнез, а потоа додал:

– Благодарение на мојот авантуристички дух, ја прифатив понудата да се натпреварувам во третата сезона на „Опстанок“ (Survivor) со познати личности. Природата и тишината што владее на островот ме ресетираа и ми помогнаа да размислам за својот живот. Мојот мозок се врати на фабричко подесување. Тогаш одлучив дека дефинитивно ќе се разведам. Можеби звучи неверојатно, но 32 дена борба за живот во џунглата ми помогнаа да сфатам дека разделбата е единственото решение за мене – рекол тој своевремено.

По разводот од Нина во 2012 година, Кнез вплови во врска со Татјана Тат.

 

 

Слични објави

(Фото) Моделот Елена Ѓорговска „растури“ на Октоберфест — во баварска носија наздрави со пиво наместо со шампањ

Еспресо

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо
Се вчитува....