9.8 C
Скопје
14:28 - 31 март, 2026

(Фото) Теодора Џехверовиќ доби подарок од 20.000 евра: Веднаш му порача на купувачот „Те сакам“

Пејачката Теодора Џехверовиќ доживеа вртоглав успех, а за тоа најмногу ѝ е благодарна на својата менаџерка Сандра Шаша. По повод седум години соработка, таа објави стори на својот инстаграм-профил за да го покаже подарокот од нејзината менаџерка.

– Се договоривме ова да биде подарок за седум години од нашата соработка. Отидов да пробам часовник што ми се допаѓа на трети октомври, но тогаш часовникот не работеше и не го покажуваше точното време или датум, туку на него го имаше само бројот седум. Судбина – напишала пејачката.

– Ќе го оставам она што би го кажала од срце за нашата „годишнина“. Сега, сакам бескрајно да ти се заблагодарам за овој подарок. Не затоа што ова е скап подарок, туку затоа што е купен од срце и затоа што знам дека ќе ми кажеше дека заслужувам само вакво нешто. Те сакам – рекла Теа.

Инаку, часовникот што го доби Теодора е „rolex lady-datejust“, а чини неверојатни 18.950 евра.

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....