14:40 - 29 ноември, 2026

(Фото) Теодора Џехверовиќ дала цело богатство за часовник: Пејачката се почасти себеси со „Ролекс“ од 15.000 евра

Една од најатрактивните пејачки на регионалната јавна сцена, Теодора Џеверовиќ, повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат не само со својот изглед, туку и со еден луксузен детаљ кој не може да остане незабележан.

Таа покажа ексклузивен рачен часовник од брендот „Ролекс“, чија вредност се проценува на околу 15.000 евра. Часовникот е направен од најфино злато, додека бројчаникот и деталите се украсени со дијаманти, што го прави вистински симбол на престиж и луксуз.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sat na Ruci (@sat_na_ruci)

Фотографијата на која таа го носи ова скапоцено парче брзо стана вирална на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари. Додека некои го фалат стилот на Теодора и истакнуваат дека луксузот доаѓа со вкус и умереност, други се прашуваат дали навистина е потребно да се инвестира толку многу во додатоци.

Теодора, која ја започна својата кариера во „Ѕвезде Гранда“, денес се смета за една од најбараните млади изведувачки. Сепак, како што вели таа, „зад секој сјај стои многу труд, работа и жртва“, а луксузот, како што истакнува, е повеќе награда отколку потреба.

Слични објави

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.
Се вчитува....