21:47 - 9 ноември, 2026

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Иако важи за еден од најплодните музичари од Хрватска, пејачот Петар Грашо не мирува и го шири својот бизнис, па пред две години вложил речиси 200.000 евра во луксузен имот. Станот на Петар Грашо се наоѓа на Јахорина, една од најпопуларните планини на тие простори.

Таму Грашо купил луксузен апартман во комплекс кој се наоѓа на околу стотина метри од скијачката патека со поглед на густа борова шума на нешто повеќе од 1500 метри надморска височина.

Инаку, цените на квадрат во овој комплекс во кој ќе ужива Грашо се движат од 2.700 до 4.000 евра, па сигурно е дека ако се брои минимумот, тој искеширал најмалку 160.000 евра за станот…

Во медиумските написи од минатата година се наведува дека се работи за досега невиден станбен комплекс на овие простори, кој е изграден по највисоки архитектонски, проектантски и технолошки стандарди.

– Јахорина ја сакаат сите бидејќи е извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион. Поради близината кон неа гравитираат многу Далматинци и Загребчани, а таму често гледам драги пријатели од Словенија, БиХ и Србија. Цел живот скијам во Западна Европа, а станот во Јахорина не го купив само за скијање, туку затоа што е гаранција за мир и автентична зимска идила – истакна тогаш тој.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....