7.8 C
Скопје
08:42 - 30 март, 2026

(Фото-сторија) Зелена оаза во Стајковци, во дворот на Ане: „Желбата за уредување на дворот е моја, а сопругот ми ја исполнува секоја желба“

Денес сме гости во преубавиот двор на Ане Стафановска, која моментно е невработе, а завршила средна општа гимназија во Крива Паланка. 

Фото-приватна архива

Ане и сопругот делат иста страст – љубов кон природата и кон цвеќињата. А тоа се огледува во нивниот совршено среден двор кој се простира на 50 квадратни метри, а се наоѓа во Гази Баба, Стајковци.

– Желбата за уредување на дворот е моја, а сопругот е тој што ми ја исполнува секоја моја желба – ни открива Ане низ насмевка.

За уредувањето повеќе се грижи самата таа, но сопругот помага – тој, на пример, сам ја правел фонтаната, ги лепел плочките, па затоа Ане објаснува дека заедно се одговорни за оваа убавина.

– Цвеќиња имам само за сезоната, инаку ги обожавам зимзелените дрвца – објаснува нашата соговорничка.

Секојдневно на дворот му посветува по еден час за нега и уредување. Омилено цвеќе ѝ е орхидејата.

Стигнуваме до советот од Ане за оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе и растенија.

– Секој има посебна желба за цвеќиња и кој вид цвеќе да го одбере. Ќе биде убаво ако на цвеќето му посветите внимание, ако го одржувате дохранувајќи го на секои десет дена, и секако, секојдневно наводнување – вели Ане.

Инаку, Ане е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од дворот преку фотогалерија.

Фото-приватна архива

Македонски двор во Германија кој одзема здив: Ане ни ги отвора вратите на цветниот рај

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....