2.8 C
Скопје
04:04 - 19 април, 2024

Македонски двор во Германија кој одзема здив: Ане ни ги отвора вратите на цветниот рај

Семејство Станисавовски живеат во Германија, имаат двор од соништата, и од мали нозе ги учат нивните дечиња за љубов кон природата. 

фото-приватна архива

Разговараме со Ане, по професија е продавач и истовремено е бироасистент. Се занимава со кулинарство, кое многу ја исполнува – како што ни открива. Сликањето и цртањето се, исто така, дел од нејзиното секојдневие, како хоби. Пешачи, ја сака природата, вози велосипед, скија, плива…А, цвеќето го сака откако знае за себе.

– Уште при прошетките на ливадите се воодушевував на цвеќињата што ни ги подарува природата, ги берев и ги подарував на мојата мајка. Кога малку пораснав, си плетевме венчиња од полско цвеќе – се враќа во сеќавањата Ане години наназад во убавото детство кое го имала. – Како дете со мојата мајка садевме и негувавме многу цеќе – продолжува Ане – кога дојдов тука, во Инголштад, Германија, продолжив да негувам цвеќиња.

Дворот на семејството Станисавовски во Инголштад се простира на 100 квадрати, а одговорноста за уредување ја споделуваат Ане и сопругот.

– Моам да признаам дека мојот сопруг е најодговорен околу тревникот и кроењето на зимзелени дрва, а се разбира му помагам и јас – искрена е Ане која пак, е одговорна за цвеќето. – Уредениот двор е важен фактор кој влијае на индексот на нашата среќа, нуди убавина и уживање – додава таа.

Во дворот доминираат повеќе видови на зимзелени дрва, туја, чемпрес, симсир, лобор, вишна, јоргован…но, има посадени и беби-киви, малини, рибизли…

Тука е и зеленчукот. Прекрасно!

– Зеленчук си имам посадено во саксии, од се по нешто, кромитче, лукче, зелена салата, ротквички, босилек, мелиса, пиперки, шери домат..- објаснува Ане.

Од цвеќето што го има на балконот секоја година доминира сарделата, петунијата, трендафилите, божурот и лијандерот.

– Имам доста разновидно цвеќе и секогаш кога некое нема да успее, доаѓа друга замена. Од сезонските секогаш се тука нарцисите, би ги издвоила и зумбулите, а од собните цвеќиња кактусите и орхидеите, спатифилиум, каланхоја…И останатите ги сакам, имам од нив премногу – со насмевка ни открива.

Ех, да, ваков двор си бара и сериозна посветеност. И тоа секојдневна. Наводнување, промена со декорација и слично.

Ја прашуваме, кое е нејзино омилено цвеќе и зошто?

– За ова прашање малку ми е потешко да издвојам бидејќи подеднакво го сакам секое цвеќе и растение што го посадувам. Но еве, ќе ја издвојам орхидејата, како дел од нас, преку цела година ја одгледувам и негувам и имам поголем број орхидеи.

Ане ни раскажува дека семејството Станисавовски се големи љубители на природата, дека ја сакаат многу.

– Децата додека беа мали, нашиот уреден двор беше како мамка за и тие исто да ја засакаат природата, да поминат поголем дел од денот во природа. Дворот ни беше почесто преуредуван и прилагодуван за нивна возраст. На пример, песочни кутии, лизгалка, трамболина и слично…Многу ни беше важно да уживаме заедно надвор, со различни активности, отколку децата да седат дома пред компјутер. Уредениот двор релаксира, опушта и создаваме посреќна иднина за себе и своето семејство – вели Ане.

За крај, следува еден градинарски совет од Ане за сите оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со нега на цвеќе.

– Како голем љубител на цвеќето би препорачала да започнат со мали саксиени цвеќиња, не е важно дали собни или за на тераса, балкон. Само да се сака да се шири љубов, а природата на тоа возвратува.

Инаку, Ане е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од преубавиот двор преку фотогалерија.

Фото-приватна архива

Професионалец за готвење, махер за цвеќиња: Фото-сторија од дворот на Златко од Кавадарци

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....