20.8 C
Скопје
16:32 - 24 октомври, 2026

Професионалец за готвење, махер за цвеќиња: Фото-сторија од дворот на Златко од Кавадарци

Златко Настов 15 години бил готвач во Охрид, а сега, веќе четири години е преселен во родниот град Кавадарци и оттогаш – вели – му се остварил сонот да си го средува дворот од сто квадратни метри. 
Одговорноста за уредувањето на дворот е само негова, сè направил со свои раце.
Во дворот на Златко доминираат зимзелени дрва.
– Сè уште се мали, но ги негувам како свои деца – ни открива Златко.
Но, тука се и прекрасните темјанушки, петунии, малини и други растенија. Час до два во денот Златко им посветува време и внимание на овие убавици.
– Доволно да си ја наполниш душата со позитивна енергија и да им дариш љубов и нега на растенијата во дворот – вели Златко.
Најомилени му се розите, „мирисот и убавината ме релаксираат“ – ни открива.
На крајот следува совет од Златко за сите оние кои сакаат да почнат да се занимаваат со одгледување цвеќе.
– Дајте им малку љубов и време на цвеќињата, тие ќе ви возвратат сто пати повеќе. Колку повеќе вложувате во нив, толку ќе ве „навлечат“ и ќе станете зависник од нив.

Инаку, Златко е член на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Ви ја носиме атмосферата од преубавиот двор преку фотогалерија.

Фото -приватна архива

(ФОТО СТОРИЈА) ДВОР ЗА „СВОЈА ДУША“ во населба Илинден; Сашо Мицевски: „Најголем предизвик ми е дворот да е секогаш среден“

Слични објави

Сузана Манчиќ го продала станот во Белград за 500.000 евра: Соседите ги откриле сите детали

Еспресо

„Оживеав, не би му го посакала тоа на никого“: Емотивната исповед на Мина Костиќ за лекувањето во психијатарската установа

Еспресо

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

(Фото) Алекса Балашевиќ сподели глетка што ги топи срцата: Малата Вера не го пушта братчето од прегратки

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Гаги Ѓогани искрено за минатото во Земун и односите со Анабела: „Немаме повеќе енергија како некогаш“

Е.А.
Се вчитува....