17:58 - 31 март, 2026

(Фото сторија) Оваа убавина во Македонија е? Да! Село Сушица може да се гордее со дворот на Данка

Г-ѓа Данка Цреварова има полни раце работа – дел е од семејната приватна фирма за изработка на маси и столици, кадешто работи, а одгледувањето на цвеќиња ѝ е хоби.

– Заедно со син ми го уредуваме нашиот двор – ни октива Данка.

Дворот се наоѓа во село Сушица, Струмица, а голем е околу 5 ара. Доминираат темјанушките, сурфинии, петунии, стаблести ружи, зеленики…, но тука се уште низа други видови и прекрани растенија.

Данка на својот двор се посветува после работното време, но секојдневно одвојува за своите убавици по два часа.

– За сонце повеќе се погодни темјанушки и малоки – советува Данка за сите оние што имаат балкони и дворови кои се посипани со сончева светлина.

Вели дека сака дворот да ѝ е исполнет со цвеќиња во разни бои и да ужива во него.

– А најголемо задоволство ми прави фонтаната во нашиот двор – открива таа.

За да почне некој со одгледување цвеќиња, Данка советува дека најпотребно е да се сакаат цвеќињата, а секако и да се има слободно време за нивно одгледување.

Инаку, Данка е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на Данка во струмичкото село Сушица.

 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) Сложни соседи двор градат: Средба со Сузана Христова и станарите со зелена визија

Слични објави

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо
Се вчитува....