17:59 - 10 ноември, 2026

(Фото сторија) Сложни соседи двор градат: Средба со Сузана Христова и станарите со зелена визија

Разговараме со Сузана Христова, по професија предилец, но темата на нашата фото-приказна е во сосема друга насока – во дворот на станбената зграда во која таа живее сложно со соседите.

Зградата се наоѓа во Струмица на улицата Крсто Узунов, а дворот простран пред зградата, речиси како парк, го уредуваат 7-8 станари.

– Сите заедно го средуваме дворот, се грижиме за цвеќињата, садиме…Доминантни се цвеќињата бонбонче, но имаме и трендафили, темјанче, и други видови на прекрасно цвеќе – ни вели Сузана, која е една од станарите на оваа зграда за пример.

Интересно е што станарите се возрасни луѓе, со просечна возраст од 60-на, 70 години, но на ваквата зелена акција често се приклучуваат и помладите станари.

Инаку, Сузана е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија од дворот на сложните станари во Струмица кои имаат визија за зелен град. 

Фото-приватна архива

(Фото) Сонувавме за ваква убавина и ја најдовме: Зелен рај на 1.500 метри квадратни – Лика Трајкова ни ги отвори вратите на дворот прегрнат од Беласица

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....