17:59 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски предупредува на африкански бран, еве кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината не се искалучува можноста за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени.
Според Попоски, во следните денови и понатаму времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана и краткотрајна појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие и тоа поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка ќе бидат МНОГУ ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10.

Слични објави

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо
Се вчитува....