12:26 - 7 ноември, 2026

(Фото) Сопругата на Огњен Амиџиќ првпат го покажа трудничкиот стомак: Влегувам во деветтиот месец, ситно бројам до породувањето

Српската водителка Мина Наумовиќ ужива во трудничките денови, а одвреме-навреме на Инстаграм открива семејни моменти.

Убавата водителка неодамна тајно се омажи за српскиот водител Огњен Амиџиќ, а до породувањето брои ситно.

Таа неретко на социјалните мрежи, но дури неодамна покажа како изгледа во деветтиот месец од бременоста.

Идната мајка позираше во лифт и гордо го покажа трудничкиот стомак, а судејќи по фотографијата, Мина воопшто не се променила. Уште повеќе, носела тесни хеланки кои одлично ѝ стојат.

„Влегувам во деветтиот месец“, напишала Мина под објавата.

Да потсетиме, таа неодамна објави текст кој го привлече вниманието на сите, а се шпекулира дека водителката носи девојче.

– Јас ќе родам ќерка и тоа нема да биде туѓа среќа туку моја и куќа и никогаш туѓа вечера, туку мој појадок. Ќе биде своја, нема да личи на својот татко, но ниту на мене. Ќе ги сокријам од неа сите бајки во кои верував и ќе ѝ создадам нови. Ќе почнува со нема принц, а ако некогаш сепак го најде, ќе бидам среќна. Мојата ќерка ќе биде што сака, мажена и немажена, мајка и неротка, и нејзината слика ќе ја носам во мојот паричник. Ќе ме ослободи и мене со својата слобода и никогаш нема да биде туѓа радост, туку моја. Носена под ребро, ткаена и родена од ѕвездите. Да биде она што таа го сака за себе. Ќе се вика Зора и ќе се разденува. Секогаш ќе се разденува таму каде што е таа – стои во објавата на Мина.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....