15:13 - 10 ноември, 2026

(Фото) Сестрата на Мелина изгледа како авион! Омажена е за моќен маж и живее далеку од Србија

Поранешната сопруга на српскиот пејач Харис Џиновиќ, Мелина Џиновиќ, отсекогаш важела за една од најубавите дами на јавната сцена, а нејзиниот беспрекорен изглед често се припишува на добрата генетика.

Иако не е често во фокусот на јавноста, Мелина ја има сестрата Емина, која е вистинска убавица, но во многу нешта е голема спротивност од модната дизајнерка Мелина.

Како што претходно објавија српските медиуми, Емина со години живее во Турција каде среќата ја нашла со сопругот и ќерката. Нејзиниот сопруг важи за еден од најпочитуваните претприемачи во Истанбул, па нивните животни патишта воделе во друга насока од онаа на Мелина, која секогаш беше присутна во српската јавност.

Емина е убава бринета со истенчено чувство за мода, особина што ја дели со својата сестра Мелина. Двете сестри, меѓутоа, ретко може да се видат заедно во јавноста, а единствениот пат кога биле фотографирани заедно било во 2019 година, на концертот на Харис Џиновиќ. По тој повод Мелина пленела во елегантен црвен фустан, додека Емина блеснала во дводелен светкав фустан, оставајќи ги присутните без здив.

Погледнете како изгледаат сестрите заедно ТУКА.

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....