22.8 C
Скопје
14:22 - 20 октомври, 2026

(Фото) Се појави лажна вест дека Калиопи починала: Пејачката веднаш се огласи и ги извести надлежните

Македонска пејачка Калиопи преку социјалните мрежи предупреди дека се шири лажна вест за нејзината смрт.

Пејачката ја објави лажната вест на која покрај монтирана фотографија од болница се вели дека таа починала од циста на мозокот и срцев удар.

Калиопи видно вознемирена побара реакција од надлежните органи и упати порака до сторителите на овој нечовечен чин.

„Секогаш тврдев дека не постојат добри и лоши луѓе, туку дека постојат луѓе и нелуѓе. За сторителите на овој нечовечен чин, поведена е пријава и постапка до надлежните органи.

Се случувале и во минатото разни злоупотреби на моето име, но оваа морбидност ги надмина сите претходни манипулации.

Дали вие нелуѓе, креатори на овие лажни вести, сте свесни дека можеби мојата мајка, сестра, брат можеле да го прочитаат овој текст и директно да го загрозите нивниот живот.

Упатувам апел до одделот за компјутерски криминал при министерството за внатрешни работи, да преземе итни мерки за спречување и заштита од вакви злоупотреби“, напиша таа покрај фотографиите од лажната вест.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут уживаше во вечерно излегување со новото момче: „Маса само за нас двајца“

Еспресо

„Жената што ме донесе на свет сè уште се прашува каде згрешила“: Синот на Лила со емотивна порака за мајка си

Еспресо

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.
Се вчитува....