3.8 C
Скопје
10:11 - 22 декември, 2024

(Фото) Претставничката на Словенија на Евровизија со една фотографија ги обедини земјите од поранешна Југославија

Најголемиот музички натпревар „Евровизија 2024“ се одржува оваа недела во Шведска. Синоќа се одржа првото полуфинале на евровизиската сцена во Малме.

По изведбата на песните и гласањето на публиката, водителите најавија кои земји ќе одат понатака. Сите три земји од поранешна Југославија кои се натпреваруваа – се пласираа во финалето.

Пејачката Рајвен настапи под број девет и со песната „Вероника“ ја претставуви Словенија на натпреварот.

Таа на својот инстаграм-профил ги обедини земјите од поранешна Југославија. Рајвен објави фотографија на која ја означи претставничката на Србија, Теја Дора, претставникот на Хрватска и себеси, а ја додаде и песната на Милан Станковиќ „Ова е Балкан“.

На фотографијата пишува: „SERVia, CroATEia, SLAYvenia“.

Во финалето на Евровизија 2024 од првото полуфинале се пласираа Србија, Португалија, Словенија, Украина, Литванија, Финска, Кипар, Хрватска, Ирска и Луксембург.

Пет земји не отидоа понатаму

Понатаму не отидоа претставниците на следните земји: Полска, Исланд, Молдавија, Азербејџан и Австралија.

Задутре во второто полуфинале ќе имаме можност да видиме уште 16 претставници на земјите кои ќе се борат за пласман во финалето и тоа од: Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.

Првото полуфинале на Евровизија 2024 се одржа вчера на 7 мај, второто на 9 мај, а финалето е в сабота на 11 мај.

Евровизија оваа година воведе нови правила

Имено, гледачите повеќе не мора да чекаат да се изведе последната песна, туку може да гласаат за фаворити од почетокот на првиот натпреварувачки состав.

Овој начин на гласање се користеше во 1997 година, кога првпат беше воведено телефонското гласање, но и во 2010 и 2011 година.

Гледачите од земјите кои не се натпреваруваат, кои гласаат онлајн, имаат на располагање речиси 24 часа, бидејќи онлајн гласањето е отворено уште од втората генерална проба пред секоја натпреварувачка вечер.

Да потсетиме, директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција и Шпанија, бидејќи тие секоја година издвојуваат најмногу пари за одржување на Евровизија, а веднаш до нив директно во финалето е годинешниот домаќин Шведска.

Слични објави

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо
Се вчитува....