13:50 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) „Пепелашка е подготвена“: Јована Јеремиќ во гламурозен фустан на балот во Вашингтон, еве што облече

Водителката Јована Јеремиќ неодамна отпатува во САД за да известува за инаугурацијата на Доналд Трамп. Тој во понеделник ќе ја преземе функцијата 47-ми претседател на САД.

Водителката на утринската програма на Пинк, ја користи секоја прилика да се огласи од Америка и често вклучува информативна програма за да ги обезбеди најновите информации поврзани со настанот и сè што моментално се случува на улиците на САД. Овој пат ги праша своите следбеници за мислење за нејзиниот инаугурациски стајлинг, нудејќи три стајлинзи за гласање.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

– Што треба да носи српската Пепелашка на американскиот инаугуративен бал? Гласајте во коментарите. 1,2 или 3? – напиша тогаш Јована.

Потоа во текот на вечерта покажа и што облекла за оваа специјална пригода. Имено, водителката конечно се одлучи за долга балска тоалета во розова боја.

Јована ставила и цветна декорација во косата во иста боја и облекла бунда, која ја комбинирала со чанта со тигарски принт. Повеќето нејзини следбеници гласаа за овој стајлинг, па се чинеше дека нивната проценка беше пресудна во изборот на конечниот стајлинг.

„Пепелашка е подготвена за балот“, изјави Јована во таа прилика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zeljko Mitrovic (@zeljkomitrovic)

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....