9.8 C
Скопје
22:34 - 20 октомври, 2026

(ФОТО) ОВА Е ЈАНА, ИДНАТА СНАА НА ЃОРГЕ ИВАНОВ: Синот на поранешниот претседател најави традиционална свадба

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. Некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. Едноставно тоа го чувствуваш во себе. Не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. Кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“,  истакна синот на нашиот поранешен претседател, Ѓорге Иванов, Иван Иванов во интервју за емисијата „Бекстејџ“ откривајќи дека ја пронашол својата сродна душа .


Името на неговата вереница е Јана, а како што истакна неговата идна сопруга го освоила со шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција и убавина нормално.


Иван откри и дека кога ќе заврши пандемијата, планираат и голема традиционална свадба.


„Јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, баба, дедо што едноставно ми го всадиле тоа. јас сум горд на нашата традиција и не сакам ниту да размислувам дека некој би се срамел од тоа и дека не сака да испочитува нешто што било обред и адет кај нашите стари кои си го почитувале и зачувувале тоа пренесувајќи го од колено на колено“, истакна во интервјуто Иван, додавајќи дека покрај традиционалниот дел секако ќе имаат и модерен сегмент.


Вчеравечер на својот фејсбук – профил Иван Иванов сподели и фотографија од својата партнерка, а во описот на фотографијата напиша.


– Од сега па за навек. Јана, стои во описот на фотографијата на која неговата избраничка прави „селфи“ во автомобил. Иван ја надополни објавата со емотикон срце.





Иван иако примарно е политколог, тој е вљубеник во музиката и инспиративен поет кој неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. На промоцијата присуствуваа неговите родители, нашиот поранешен претседател Ѓорге Иванов, неговата мајка, поранешната прва дама Маја Иванова, неговата девојка Јана како и бројни истакнати личности од јавниот живот, роднини и пријатели на семејството Иванови.

(ВИДЕО) СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Се верил со својата сакана, а напишал и книга

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....