15:11 - 27 август, 2026

(ФОТО) УЖИВАМЕ ВО ДВОРОТ НА МИТА ВО ЗЛЕТОВО: Кој не сака цвеќе, не се сака ни самиот себе!

Денес се наоѓаме во преубавото Злетово, вгнездено по долината на Злетовската Река, на надморска височина од 480 метри, поточно на просторот каде што Злетовска Река излегува од својата клисура, вдлабена во Осоговските Планини. Гости сме на Мита Антовска и во ова сончево време уживаме во нејзиното дворче.

фото-приватна архива
Мита е оператор на машина во компанијата „Адиент“. Одгледува цвеќиња откако знае за себе. И тоа го прави со голема страст и љубов.
За убавината на дворот е заслужна самата таа бидејќи, како што вели, мајка ѝ е постара и не е во состојба да ѝ помага, но затоа, многу ја поддржува.
На овој простор доминираат цвеќиња што имаат цвет, зашто нашата цветна дама е вљубена токму во таквите – расцветани убавици.
Мита е одлично информирана за негата на цвеќињата, вели дека во текот на летото бараат повеќе време за нега, а бараат и повеќе вода, додека сега, на есен, бараат повеќе чистење на листовите. Па, така, во секоја сезона си има куп работа околу нив.
– Немам омилено цвеќе бидејќи сите си ги сакам, сите ми се омилени и најубави, само сакам да имаат цвет!, – искрена е Мита.
Во текот на студените денови дел од цвеќињата ги внесува внатре, но со оглед на тоа што просторот во домот е ограничен, целиот двор ѝ останува со цвеќиња.
Совет за оние кои сакаат да започнат со нега на цвеќе? 

– Прво и најважно треба да сте љубител на цвеќето, да го сакате, а тоа ќе ви врати со својата убавина! Кој не сака цвеќе, не се сака ни самиот себе! – децидна е цветната дама од Злетово.

Инаку, Мита е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

УЖИВАЈТЕ ВО ФОТОГАЛЕРИЈАТА.

ФОТО – ПРИВАТНА АРХИВА

Слични објави

Љубовни искри од сцената: Анета Љумаковска со сопругот на „Охрид фест“ – песната „Срцево те бендиса“ веднаш влегува во уво

Еспресо

Богатството на Доли Партон се проценува на 450 милиони долари: Кој ќе ја наследи империјата?

Т.Ц.

Нина Бадриќ донираше дел од хонорарот на семејство кое изгуби сè во пожарот во Омиш

apostolova

Маја Вукиќевиќ објави фотографија со Ванчо Петрушевски и Гоце Тодоровски: „Легенди кои вечно ќе живеат во нашите спомени“

Еспресо

(Фото) Го одврза ќесето – Јелена Карлеуша ги однесе ќерките на шопинг во Дубаи

Еспресо

Видео од настапот на Дарко Лазиќ предизвика сaркастични реакции на социјалните мрежи

Е.А.
Се вчитува....