22:02 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) СИНОТ НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Се верил со својата сакана, а напишал и книга

иван иванов

Синот на нашиот поранешен претседател Ѓорге Иванов во интервју за емисијата „Бекстејџ“ откри дека се верил со својата девојка.

Иван неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“. Покрај разговорот околу своето прво дело, тој на  голема радост на македонската јавност неочекувано, малку спонтано, но со огромна доза на љубов сподели дека е пресреќен и дека се верил со својата девојка чие име засега останува непознато.

„Во ова невино време што измина, во животот ми влезе личност која ми го облагороди моето време. Некако си се надополнивме, си знаев дека тоа е тоа уште на почетоците кога започнуваше нашата врска… Љубовта не е нешто егзактно што можеш да го пресметаш. Едноставно тоа го чувствуваш во себе. Не за џабе велат дека пеперутките во стомакот, не лажат. Кога ќе го почувствувате тоа, ќе знаете дека станува збор за она вистинското и дека таа е личноста со која сакате да ја испишете една од најубавите приказни во животот“, вели Иван.

Како што раскажа, неговата вереница го освоила со шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, со нејзината интелигенција, убавина нормално. Вели дека кога ќе заврши пандемијата, планираат и голема традиционална свадба.

„Јас сум растен во такво семејство, сум растел со нана, баба, дедо што едноставно ми го всадиле тоа. Јас сум горд на нашата традиција и не сакам ниту да размислувам дека некој би се срамел од тоа и дека не сака да испочитува нешто што било обред и адет кај нашите стари кои си го почитувале и зачувувале тоа пренесувајќи го од колено на колено“, вели тој, додавајќи дека покрај традиционалниот дел секако ќе имаат и модерен сегмент.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....