24.8 C
Скопје
09:21 - 20 август, 2026

(Фото) Ништо од венчавката вредна 600 милиони долари! Џеф Безос ја демантираше свадбата во Аспен, сè е лага! 

„Њујорк пост“ објави дека основачот на „Амазон“ Џеф Безос и неговата свршеница, новинарката Лорен Санчез, ќе се венчаат по Божиќ, идната недела. Но, и покрај најавите дека следната сабота на екстравагантна свадба вредна 600 милиони долари во зимскиот центар Аспен во државата Колорадо, основачот на „Амазон“ и еден од најбогатите луѓе во светот, 60-годишниот Џеф Безос ќе се ожени со неговата свршеница Лорен Санчез, која е пет години помлада од тоа, засега изгледа нема да има ништо од тоа.

Иако во повеќето случаи, кога светските медиуми пишуваа за неговиот приватен живот, Безос молчеше, сега одлучи да реагира. Откако се прошири веста дека ќе се ожени со Санчез на раскошна церемонија во Аспен, Џеф Безос сега го демантираше тоа.

Безос на својот профил на Х реагираше на написот на „Њујорк пост“, кој пак го цитираше британскиот „Дејли мејл“, во кој се тврди дека тој и Санчез ќе разменат свадбени завети во сабота на 28 декември во Аспен и дека големата прослава ќе чини 600 милиони долари.

Откако прво реагираше Бил Акман, велејќи дека „напишаното не може да биде вистина“ затоа што „може да се потрошат толку многу пари само ако му се купи куќа на секој гостин“, Безос напиша:

„Целата оваа работа е целосно лажна – ништо од ова не се случува. Старата поговорка вели, не верувајте во сè што ќе прочитате, а денес таа е повистинита од кога било. Сега лагите можат да го обиколат ЦЕЛИОТ свет пред вистината да ги навлече панталоните. Затоа, бидете внимателни и не бидете лековерни. Ќе биде интересно да се види дали сите медиуми што го „покрија“ ова повторно ќе ја пренесат оваа приказна и ќе ја поправат кога денот ќе дојде и ќе помине и ништо нема да се случи“.

Слични објави

Маја Шупут на одмор во Грција – пејачката позираше покрај базен во минијатурно бикини

Еспресо

Дневен хороскоп за 20 август: Внимателно изберете со кого ќе го поминете времето

apostolova

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели фотографија со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо
Се вчитува....