17.2 C
Скопје
18:17 - 19 октомври, 2026

(Фото) Ништо од свадбата! Виктор Живојиновиќ и водителката раскинаа, на Брена тагува по снаата

Виктор Живојиновиќ, синот на пејачката Лепа Брена, и неговата девојка Софија Спасојевиќ ја раскинале врската, дознава српски „Информер“.

Наследникот на Брена, кој е и нејзин главен продуцент, и убавата водителка не се заедно веќе извесно време, а иако се обидувале да ја средат врската, не успеале.

– Виктор и Софија не се заедно речиси два месеци… Се видоа неколкупати и се обидуваа да ги решат несогласувањата, но не им успеа. Затоа одлучија секој да тргне по свој пат – изјавил за „Информер“ извор близок до семејството Живојиновиќ.

Дека нешто не е во ред во нивната врска сведочат и објавите на Виктор на социјалните мрежи, каде што веќе некое извесно нема фотографии со Софија, иако порано често покажуваше како заедно поминуваат време. Двајцата речиси не се видени заедно ниту во јавност.

Иако Лепа Брена не се меша во одлуките на Виктор, многу ѝ е жал што Софија и нејзиниот син повеќе не се заедно.

– На Брена ѝ е жал, таа и Софија останаа во добри односи, дури и се слушнаа на телефон една со друга по раскинувањето – рекол изворот и додал дека пејачката сè уште се надева дека Виктор и Софија сепак ќе се смират.

Инаку, Софија и Виктор беа неразделни, таа го опишуваше со зборовите „љубовта на мојот живот“, а откако објави фотографија во венчаница, сите беа убедени дека се на чекор од олтарот.

 

Слични објави

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.

Дали ја потврди врската со 25 години помладиот Александар? Карлеуша: „Постарите мажи не чинат за ништо“

Еспресо

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо
Се вчитува....