19:50 - 27 ноември, 2026

(Фото) Николина Пишек заврши во болница во Милано: „Сите добри забави после полноќ завршуваат вака“

Водителката Николина Пишек заврши на Ургентен центар по прославата во Милано каде присуствуваше на дипломирањето на својата ќерка.

Популарната хрватска водителка вчера престојувала во Милано каде нејзината ќерка Хана Леонарда дипломирала на престижен универзитет.

Во текот на забавата во чест на дипломирањето на ќерката, на водителката нагло ѝ се слошило и завршила во болница.

Оттаму се огласи на социјалните мрежи.

„Сите вистински забави во еден по полноќ завршуваат вака. Вистина е, забавите не убиле никого“ – напиша водителката и сподели фотографии од холот на болницата.

Инаку, Николина наишла на проблем поради тоа што не можела да ја продаде вилата во Загреб, бидејќи ќерката од првиот брак на нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ наводно поднела жалба против неа со барање да се подели имотот, според хрватските медиуми.

Имено, минатата година во септември Пишек ја огласила вилата во која живеела со покојниот сопруг Видоје и нивната ќерка за неверојатни 1.700.000 евра. Во еден момент огласот беше повлечен, но не затоа што куќата е продадена, туку затоа што наводно ќерката на Ристовиќ од првиот брак ја тужела Николина, за да го добие наследството на нејзиниот татко, поради што судот донел привремена одлука дека имотот не може да се продава додека не заврши спорот, пишува српски „Курир“.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....