20:11 - 7 ноември, 2026

(Фото) „Навистина сум во шок“: Локните се нејзин заштитен знак цел живот, а еве како изгледа Лидија Вукиќевиќ сега! 

Српската актерка Лидија Вукиќевиќ со години ги воодушевува фановите со својот беспрекорен изглед, а нејзин заштитен знак со децении е густата кадрава коса. Големиот шок дојде кога Лидија пред извесно време на својот Инстаграм профил објави дека решила да направи промена и целосно ја исправила својата брановидна коса.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lidija Vukićević (@vukiceviclidija)


Имено, Лидија тогаш објави фотографија на која ретко кој би ја препознал. Косата ѝ била целосно исправена, а ја краселе и црвени прамени, а коментарите веднаш почнаа да се нижат:

„Невозможно тоа да е таа, каква риба“, „Лидија им пркоси на сите закони, жената станува сè поубава“, „Навистина сум во шок, леле“, „Да ми кажеше некој дека ќе ја видам Лидија без локни, немаше да верувам“, се само дел од коментарите на воодушевените обожаватели.

Да потсетиме, актерката Лидија Вукиќевиќ има 62 години и е горда на својот изглед, а многу се грижи за својата фигура, па сега тежи исто како и во доцните 80-ти, кога ја снимаше серијата „Подобар живот “.

– Секогаш го слушам своето тело, па во последно време го променив начинот на исхрана. Ги обожавам животните и со години не јадам месо и не носам крзно, а сега се откажав од некои мрсни и слатки грицки – изјави таа неодамна.

– Резултатот е што имам повеќе енергија и поголема подвижност. Со 62 килограми и 175 сантиметри можам да облечам што сакам и тоа ми причинува задоволство. Ја вратив тежината од кога го снимав „Подобар живот“ – додала Лидија во „Хелоу“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....