22.8 C
Скопје
03:07 - 1 септември, 2026

(Фото) Наташа Беквалац е подготвена за празниците: Елката е убава како од бајка

Наташа Беквалац со години живее во луксузен дом на белградско Дедиње, а дел од топлата атмосфера и новогодишните украси преку социјалната мрежа Инстаграм сподели и постарата ќерка на пејачката Хана Икодиновиќ.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Хана, која Наташа ја имаше во брак со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ , прво објави фотографија од нејзината сестра Катја, а во позадина поглед на стан обоен во светли бои.

Во дневната соба доминира удобниот сив тросед, пред кој има маса од масивно дрво и големо домашно кино. Кујната и трпезаријата се пространи, а има и голем кујнски „остров“ како и висечки лустер со необична форма.

Елката со која овие три дами го украсија својот дом за празниците е украсен со бели светла, а доминира гломазна машна, која е единствениот, но и многу ефектен детаљ.

Да потсетиме, Наташа Беквалац речиси една година реновира скап имот за кој зборуваше претходно.

– Почнавме од почеток. Од подот до таванот. Фаза – сива. Сакав само едно… ништо, апсолутно ништо, ниту една работа, мала работа, да нема врска со минатото. Овие девојки не живеат во минатото. Јас сум естет по природа, класична Вага. Никој не можеше да ги разбере моите желби за нашата куќа подобро од пријател на куќата. Конечно ми се допаѓа тоа што го гледам во него – објасни во една прилика Беквалац.

Слични објави

(Фото) Слобода Миќаловиќ никогаш попровокативна – актерката позираше во проѕирен фустан, одоздола ѕиркаше црн костим за капење

Еспресо

(Фото) Од фризерскиот салон до светската сцена: Октај Сејди е новиот Мистер на Македонија

Еспресо

Тамара Тодевска и Лука уживаат во прекрасното зајдисонце на Козјак

Еспресо

Да се потсетиме на едно од ретките зачувани интервјуа со легендарната Сашка Петковска, која прерано го загуби животот во сообраќајна несреќа

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ веслаше кајче на Свети Наум и порача дека ова е рај!

Еспресо

(Фото) Србија ја избра својата мис Универзум, таа е медицинска сестра од Чикаго

Еспресо
Се вчитува....