03:37 - 8 ноември, 2026

(Фото) Најубавиот ден во животот на Александра Пријовиќ и Филип Живоиновиќ! Пејачката објави трогателна фотографија од семејниот дом

Српската пејачка Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ денеска го слават роденденот на синот Александар.

Најмладиот член на семејството Живоиновиќ денеска полни 5 години, а гордите родители не ја кријат среќата поради тоа.

Александра на својата инстаграм-приказна сподели фотографија на која нејзиниот наследник држи голем син балон во форма на број 5, кој ја симболизира неговата возраст, а покрај него има и неколку помали.

Александра секогаш се грижи за своите најблиски, внимава на секој детаљ, па нема сомнеж дека прославата ќе биде бајковита за малиот Александар.

Да потсетиме, Александра неодамна проговори за проширување на семејството, кога откри дека би сакала да има ќерка.

– Јас би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да биде како што треба, но кога би можела да избирам, би сакала девојче – признала Александра во „Цеца шоу“.

– Убаво е да имаш и момче и девојче – се надоврзала Цеца Ражнатовиќ, која ја угостила Прија во својата емисија, а која и самата има син и ќерка.

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живоиновиќ се во брак од 2018 година, а синот Александар им се роди пред четири години. Пејачката своевремено отворено зборуваше во медиумите за почетокот на врската со Филип. Тогаш признала дека уште од првата средба знаела дека тоа е љубов за цел живот.

– Штом го запознав, знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан на Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начинот на размислување и ставовите. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е вистинскиот. Ме одушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што би сакала да пијам и да јадам, да донесе. Јас реков „ништо“, бидејќи знаете како е на почетокот, кога некој ти се допаѓа, не си ниту гладен, ниту жеден – раскажала своевремено Пријовиќ.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....