09:02 - 9 ноември, 2026

(Фото) На преклоп, баш за сите прилики: Ана Ивановиќ во 2024 година влегла во фустан кој вреди да се купи

Ана Ивановиќ во новата 2024 година влегла во модел на фустан кој одговара на многу жени, а ги крие килограмите.

Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ ја испратила 2023 година на најубавиот можен начин, во друштво на своето семејство.

Ана и нејзиниот сопруг, поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер со оглед на тоа што слават и православен и католички Божиќ, во нивниот дом празниците се одбележуваат веќе со денови наназад, додека посебна улога има најмладиот член од семејството.

Во новата 2024 година Ана влегла подготвено и мотивирано, а сигурно е дека ќе продолжи да ја држи титулата икона на стилот меѓу спортистките, и поранешни и активни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Ivanović (@anaivanovic)

Без оглед дали одбира лежерен и гламурозен стил, во склад со приликата, нема сомнеж дека Ана секогаш постигнува моден погодок и дека, едноставно, има одличен вкус.

Во нејзиниот гардеробер можат да се најдат бројни модни парчиња на кои би ѝ позавиделе вљубеничките во модата, а за новогодишната ноќ Ана избрала фустан од еден од своите омилени брендови.

Не е реткост Ана да носи модни парчиња од брендот „Зимерман“ (Zimmermann) којшто го обожаваат и другите ѕвезди, а нивните фустани се познати по тоа што совршено можат да се вклопат за секакви прилики.

Поради тоа Ана носела фустан каков што дефинитивно вреди да се има во орманот и да се носи во бројни прилики, со високи потпетици или со рамни сандали.

Станува збор за син свилен плисиран фустан, со романтични детали во форма на карнери и балон-ракави. Свилата го лади и го гали телото, па затоа е фустан кој лесно може да се носи за секоја сезона, а ги крие килограмите, благодарение на кројот во пределот на половината, како и врзувањето. Тука е и асиметријата за посебен ефект, V-изрезот кој, сепак, не го открива деколтето и секогаш соодветната миди должина.

 

 

 

 

 

 

 

Слични објави

„Среќна 20-ка, дете љубов мое“: Емотивна роденденска честитка од баба му за Маркијан, синот на Ребека

К.С.

Хороскоп за понеделник, 9 ноември: Младата Месечина носи нови почетоци, некои знаци ќе се соочат со старите емоции

Т.Ц.

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova
Се вчитува....