17.8 C
Скопје
12:17 - 20 октомври, 2026

(Фото) Милионерот од Дубаи и згодната Србинка го прославија 50-тиот роденден во пустина: Свеќи, три торти…

Поранешната српска манекенка Јелена бин Драи е во брак со милионерот од Обединетите Арапски Емирати, Саид бин Драи, кој вчера го прослави својот 50-ти роденден.

Имено, по тој повод Јелена и Саид организирале забава среде пустина на која присуствувале семејството и пријателите.

Како што може да се види на фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, декорацијата беше во бела боја, додека на масата имало бели свеќи.

Исто така, славеникот имал дури три торти. На едната пишувало на англиски јазик „Среќен роденден“, на втората бил ставен бројот 50, додека на третата имало само роденденски свеќи.

 


Јелена Јаковљевиќ живеела во селото Жабаљ, во близина на Нови Сад, а се прославила во 1998 година кога станала мис на Југославија, мис на фотогеничност и мис на интернет.

По тој повод, Јелена отишла во Дубаи во 2001 година, каде што го запознала бизнисменот Саид бин Драи, со кого се омажила во 2008 година.

– При првата средба тој воопшто не ми обрна внимание. Во тоа време имав само четириесет и осум килограми и затоа изгледав слабо. Тој, како и секој Арап, сака „расни“ жени, со изразени облини. Го заинтригирав дури кога почнавме да комуницираме – изјавила Јелена во едно интервју пред неколку години.

Домот на Јелена изобилува со модерен и луксузен мебел. Преовладува белата боја, сè е уредено со вкус и многу стил, а поранешната мис често покажува како изгледа и нејзиниот двор, каде сака да се релаксира.

Семејството има огромна недвижност на самата плажа, а имаат и базен во сопствениот двор, додека целиот имот е исполнет со цвеќиња, палми и зеленило, а оваа глетка е вистински рај за очите и одмор за душата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Bin Drai (@jelenabindrai)

Слични објави

Крај на едно пријателство — Деси Слава ги прекина сите врски со Азис откако тој ја откажа соработката за нејзиниот концерт

E.A.

(Фото) „Мил мој, те сакам“: Ана Ивановиќ објави емотивна порака, нема поголема љубов од оваа

Еспресо

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо
Се вчитува....