00:49 - 28 ноември, 2026

(Фото) Мелина Џиновиќ започна бизнис во Монако, ја вработи ќерка си: Еве за што станува збор, светските ѕвезди се луди по тоа

Поранешната сопруга на пејачот Харис Џиновиќ, Мелина Џиновиќ, по разводот ја напушти Србија и го продолжи својот живот во Монако.

Нивната ќерка, Џина Џиновиќ, живее помеѓу Белград и Монте Карло, а изминатите неколку дена ги помина во Монако, за да биде со мајка си во важниот момент.

Мелина Џиновиќ во Монако го проширила својот бизнис, па сега ги продава своите креации во една престижна концепт продавница, за што нејзината ќерка се огласи вчера и ги фотографираше елегантните тоалети што го красат излогот на продавницата.

 

– Конечно можам да ви соопштам дека го отворивме нашиот бренд и во Монте Карло – им соопштила Џина Џиновиќ на своите следбеници на Инстаграм, а поради нејзината објава, многумина сфатиле дека Џина почнала да работи за својата мајка.

Тоа не е толку чудно, бидејќи речиси секој пат кога Мелина става нови фустани на продажба, Џина Џиновиќ е првата што ги носи и ги промовира, што го прави на одличен начин.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Djina Dzinovic (@djinadzinovic)


Инаку, креациите на Мелина Џиновиќ го освоија светот. Ги носеле бројни српски, но и холивудски ѕвезди.

Поранешната сопруга на Харис го основала брендот пред 15 години, во 2010 година, а името е создадено со мешање на нејзиното име со името на нејзиниот тогашен сопруг.

Една од првите дами од светскиот шоубизнис што го носеше фустанот на Мелина беше латино дивата Џенифер Лопез.

Џеј Ло ја носеше креацијата на Мелина Џиновиќ на настан во Лас Вегас во 2018 година.

Сепак, Џеј Ло не е единствената, креациите на Мелина ги носеле и светските ѕвезди Парис Хилтон, Памела Андерсон, Шерон Стоун, Софија Вергара, Ешли Симпсон и многу други.

Од регионалните ѕвезди, фустаните на Мелина ги носеа Цеца Ражнатовиќ, Јована Јоксимовиќ, Северина Вучковиќ, Наташа Беквалац…

 

 

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....