17.8 C
Скопје
22:22 - 29 септември, 2026

(Фото) Лепа Брена направи хаос на геј свадбата во Шпанија: Се венчаа Србин и Хрват, пејачката ја вжешти атмосферата и заработила 50.000 евра!

Стилистот кој е роден во Србија, а кој се венча со Хрват, ја сака Брена уште од мали нозе, и сакал таа да пее на неговата свадба.

инстаграм

Лепа Брена настапи на геј свадба на Србин и Хрват во Шпанија, поточно во Палма де Мајорка, пренесува српски Телеграф, а на свадбата балканската дива предизвикала целосен хаос.

Инстаграм принтскрин

Брена беше специјална гостинка, а кога на сцената излегла во долг фустан во розе нијасна и ги испеала првите ритмови на нејзините хитови – настанало општо „лудило“.

Таа на свадбата дошла на покана на белграѓанецот кој со години гради кариера во модната индустрија, а се омажи за хрватски архитект.

инстаграм
инстаграм

Пеејќи ги своите хитови, Брена ги кренала сите на нозе, гостите танцувале и пееле на глас со неа.

Целиот тим во Шпанија ќе остане шест дена, како што пренесува српски Курир, а пејачката престојува во луксузен хотел каде ноќевање чини 500 евра.

Брена пристигнала во Палма де Мајорка во друштво на блиска пријателка. Вечерта пред венчавката се одржала забава за загревање.

Инстаграм

Како што дознава српски „Курир“ Брена за настапот на свадба добила 30.000 евра, но младенците на неа потрошиле уште 20.000.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....