11.8 C
Скопје
06:23 - 30 септември, 2026

(Фото) Лена Маринковиќ со дечкото пристигна на концертот на мајка ѝ

Поп-пејачката Гоца Тржан синоќа одржа концерт во Белград, а покрај бројната публика, голема поддршка ѝ беше и нејзиниот сопруг Радомир Новаковиќ – Раша, кој на настанот се појави со повреда на раката, но тоа не го спречи да ја гушка својата сопруга и да ѝ даде поддршка на сцената.

Според достапните информации, Радомир има скршеница, но бил присутен со насмевка и покрај повредата не ја пропушти вечерта на својата сопруга.

Фотографиите од Лена со момчето можете да ги погледнете ТУКА.

На концертот присуствуваше и ќерката на Гоца Тржан, Лена Маринковиќ, која пристигна во придружба на својот дечко. По доаѓањето, двајцата се сместија во ложата.

Лена избра елегантен, но смел стајлинг носеше мини сукња со корсет, високи потпетици, а косата ѝ беше пуштена. Со својот изглед привлече внимание и фотографските објективи.

Поддршка и од семејството и јавни личности

Меѓу присутните беа и родителите на Гоца Тржан, кои седеа во првите редови, како и водителката Тијана Стојисављевиќ.

„Ја носев Лена на настани, ја дојам10 минути зад бината, па се враќам. Сакав да останам присутна. Моето дете живееше како номад со мене навикната е да спие во кола, на бучава,“ раскажа Гоца.

Таа откри дека само месец и пол по породувањето се вратила на настапите, патувала со Лена и се трудела да го усогласи мајчинството со својата кариера.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....