23.8 C
Скопје
15:45 - 19 октомври, 2026

(Фото) Легендарниот фудбалер Роналдо се ожени по третпат: Невестата-убавица, свадбата траеше цела недела!

47-годишниот бразилски фудбалер Роналдо и неговата трета сопруга, манекенката Селина Локс, направија луксузна венчавка и објавија фотографии од церемонијата која се одржа во нивниот дом на Ибица. Шармантната невеста неколку пати ја менуваше облеката, пишува Вог.

Свадбените веселби траеле една недела. Роналдо и Селина Локс се запознале во 2015 година на забава на заеднички пријател. Двојката се сврши во јануари 2023 година во Пунта Кана во Доминиканската Република додека беа на одмор.

Нивната свадбена недела започна во понеделник, на 25 септември, со приватна верска служба во малата црква во селото Ес Кубелс на островот Ибица, каде што имаат заедничка куќа. На церемонијата присуствувале само членови на семејството.

За интимната венчавка со поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Интер, невестата избрала свилен фустан во боја на слонова коска од Jacquemus. Откако си дадоа завет, младенците ја напуштија црквата и беа пречекани со аплауз и опсипани со конфети.

Инстаграм

Роналдо и третата сопруга беа домаќини на „Белата забава“ во клубот Јондал Бич во средата каде пречекале поголем број гости. Овојпат, за забавата, Селина носеше тесен фустан од Викторија Бекам со накит Тифани и чевли Рене Каовила.

Во петокот, на 29 септември, се одржа третиот дел од свадбата, односно главната церемонија. Настанот кој собра најмалку 300 гости се оджра во домот на младенците.

„Бев вклучена во секој чекор од процесот на планирање. Роналдо и јас комбиниравме сè што отсекогаш сакавме да ја направиме нашата церемонија што е можно поспецијална“, вели Селина, истакнувајќи дека соработувала со славната организаторка на свадби и настани Силвија Нистал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by C E L i N A (@celinalocks)

За оваа специјална прилика Селина носеше бела свилена тоалета од „Армани Прајв“, розови скапоцени обетки најновата колекција на Тифани и чевли Џорџо Армани.

Роналдо пак, облече свилен костум Џорџо Армани во боја на песок, а потоа се преоблекол во поформален костум исто така од Армани.

Роналдо и Армани првпат соработуваа во 1998 година, кога фудбалската ѕвезда играше за Интер.

Инстаграм

По церемонијата следувала шпанска вечера, а потоа дојде време за забава. За последниот дел од вечерта, невестата ја смени гардеробата, а нејзиниот втор моден избор беше: бел свилен сатенски фустан Armani Privé со извезен цвет од лотос.

Бидејќи свадбените прослави се поклопија со полната Месечина, атмосферата беше бајковита.

Слични објави

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Еспресо

Харис Џиновиќ целосно го прекина контактот со ќерката Ѓина: „Очигледно, не ѝ требам, има заменски татко“

Еспресо

(Фото) Синот на Лозано наполни две години: Пејачот сподели роденденска фотографија, а тетката на Марко му упати емотивна честитка

Еспресо

(Фото) Хуман гест на Луна Ѓогани — му помогна на бездомник со неколку кучиња да добие покрив над главата

К.С.

(Фото) Поранешната Мис на Хрватска прошета низ Мостар – Лаура позираше на Стариот мост во кожена јакна и кратка панталони

Еспресо

(Фото) „Единственото нешто поубаво од една ќерка се две ќерки“: Горан Папаз сподели фотографија од Лена и Луна

К.С.
Се вчитува....