17:16 - 7 ноември, 2026

(Фото) Лазар Ристовски за првпат се појави во јавност со 39 години помладата девојка: Не се одделуваат еден од друг

Откако се дозна за љубовната врска помеѓу Лазар Ристовски и Аница Лазиќ, не престануваат да се зборува и пишува за нив.

Неодамна популарниот актер Лазар Ристовски и откри на јавноста дека е во врска со 39 години помладата колешка Аница Лазиќ и станаа еден од најпопуларните парови на јавната сцена.

Сега конечно се фатени заедно во јавност во Нови Сад, при посетата на Архивот на Војводина.
Актерот добил покана да го посети Архивот, каде во име на „Зилион филмс“ потпиша договор за соработка.

Откако се појавија информациите за нивната врска, ова е прв пат парот да биде фатен заедно.

Од фотографиите може да се забележи дека Лазар и Аница се пресреќни, не ја симнуваат насмевката од лицето, а можеме да заклучиме и дека парот е неразделен и ужива во секој заеднички момент.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....